Харисон Форд има 71 година, но тоа не значи дека тој се откажува од идејата повторно да застане зад улогата на Индијана Џонс во неговата петта филмска авантура.
„Видовме како ликот се развива и старее и тоа е совршено соодветно и би било во ред да се врати во некое сјајно продолжение каде нема да мора до толку да растура“, изјавил Форд.
„Според мене, она што е интересно е што ликот преживеа толку многу, што имаше храброст, интелегенција, досетливост што беше исплашен но успеа да приживее. А тоа можам да го направам“, додал тој.
Форд, чиј најнов филм, финансискиот трилер „Параноја“ наскоро ќе започне да се прикажува, се надева дека филмовите во кино салите ќе преживеат и покрај се поголемата закана од телевизијата.