Младиот пејач на групата „One Direction“, Хари Стајлс, без влакна на јазикот зборуваше за неговата поранешна девојка Тејлор Свифт.
Стајлс пејачката ја нарекол досадна и иритантна. Во текот на снимањето на документарецот во кој се прикажува животот на турнеите на младиот поп пејач, Хари отворено зборувал за неговиот однос со кантри ѕвездата Тејлор Свифт.
За младата пејачка која е светски позната, и тоа повеќе по неуспешните љубовни врски одошто по нејзината музика, Хари рекол дека иако само кусо време биле заедно, врската претставувала вистински пекол.
Тој воедно додал дека ниту една од неговите поранешни девојки не успеала да го задржи до сега, и дека немал многу среќа во љубовта.
Членовите на бендот сепак одлучиле од документарецот да ги исфрлат сите сцени на кои се гледа Тејлор. Филмот за животите на финалистите на британското шоу „X-Factor“, премиерно би требало да биде прикажан во август оваа година.