Музичарите и љубителите на метал музиката, честопати се мета на стереотипи и лош глас, базиран на нивниот темен и тетовиран изглед. Симпатичниот сет на фотографии од Александра Крокет се обидува да ги ослободи предрасудите и да го промени сето тоа на тој начин што музичарите позираат со своите мачки пријатели и ја покажуваат својата помека страна.
Луѓето на овие фотографии се дел од бендови со морничави имиња како Napalm Death и Skeletonwitch. Но, и покрај овие страшни имиња, бодликавите нитни, тетоважите и мускулите, јасно е дека тие имаат близок однос со своите најдраги животни исто како остатокот од нас.