Халштат е село во покраината Горна Австрија. Лоцирано на 508 метри надморска височина на брегот на Халштатското езеро, местото е богато со сол а едно од најстарите наоѓалишта датира уште од околу 5.000 години пред Христа. Благодарение на овој факт и на нереално прекрасните пејсажи и природни богатства, се наоѓа под заштита на УНЕСКО и претставува една од главните туристички атракции на Австрија. Импресионирани од убавината на Халштат, група кинески архитекти решија да направат копија на ова алпско село, но поради целосно различниот природен амбиент, бледата копија не е ниту слична колку оригиналот.