Познатата актерка Хали Бери одлучи да се омажи со нејзиното момче Оливие Мартинез, а конечно имаат и вистински повод да го направат тоа – двојката го очекува нивното прво дете.
Познато е дека бременоста потполно ја изненади четириесетгодишната Хали, па таа одлучи сега и да ја „круниса“ нејзината љубов со Оливие.
„Оливие во минатото не патеше од формалности. Сепак, веста дека ќе стане татко некако го измени. Од друга страна пак, Хали по втор пат ќе стане мајка и сега е апсолутно сигурна каков маж сака да има покрај себе. Овој пат е сигурна дека го прави вистинскиот избор“, навел извор близок на двојката.
Актерката е во врска со Мартинез од 2010-та година, а планираат да се венчаат во една капела во уметничкиот дел на Париз.