Таа е позната по здравиот живот посветен на здравиот режим на исхрана и секојдневното вежбање. Сепак, 40 годишната актерка Гвинет Палтроу во интервју за магазинот „Harper’s Bazaar US“ признала дека користела ботокс и дека си дозволува по една цигара неделно и тоа само во сабота навечер. Кога станува збор за операции, актерката изјавила дека се плаши да застане под нож, но признала дека тоа може да се смени со текот на стареењето. „Ќе пробам се, само нема да си дозволам ботокс повторно, бидејќи изгледав лудо“, изјавила русокосата убавица. Гвинет веќе 10 години е во брак со пејачот на познатиот бенд „Coldplay“, Крис Мартин, со кого имаат две деца, а како што изјавила, посакуваат и трето.