Гвинет Палтроу го изневерува сопругот?

Американскиот магазин „Vanity Fair“ наскоро ќе објави приказна за Гвинет Палтроу од која актерката се плаши. Планира да ја стави на насловна, а како што има објавено сочни приказни за Том Круз и Бред Пит, Гвинет се плаши дека и нејзината ќе биде таква.

Гвинет во целост одбива било каква соработка со магазинот, па им испратила електронски пораки на пријателите и колегите во која ги моли да не одговараат на никакви прашања на новинарите на „Vanity Fair“.

„Vanity Fair се заканува дека ќе ме стави на насловна. Ако ве прашаат за било каков коментар или изјава, ве молам одбијте ги, а исто така ви препорачувам да не соработувате со тој магазин“, гласи дел од нејзината порака.

12547m_palrow_g_b_gr_10

Главниот уредник Грајдон Картер повтврди за „Times of London’ дека прават приказна за оскаровката.

„Имаме многу добар новинар и ќе ја објавиме приказната. На некој начин таа не натера на овој потег. Некои познати веруваат дека славата ги штити. Тоа повеќе не постои во Лос Анџелес, освен ако постојано сте дома“, рекол тој.

А приказната од која се плаши Гвинет наводно е тоа дека го изневерува сопругот Крис Мартин со кој има две деца, синот Мозес и ќерката Епл.

G

- Реклама -