Најубавата и најомразената жена во 2013 година, актерката Гвинет Палтроу, примами многу погледи на премиерата на продолжението на акциониот филм „Iron Man“. 40-годишната актерка се појави во проѕирен фустан, но без долен веш, што предизвика огромно медиумско внимание.
Благодарение на специфичниот фустан, Гвинет уште еднаш ја стави во прв план нејзината совршено извајана фигура и тенок струк, по кои е и надалеку позната.
Под смелата креација актерката не носеше веш, па по неа се вртеа сите оние кои вечерта беа на црвениот килим.
За да ја одржи ваквата фигура познато е дека Гвинет се држи до стриктниот план на исхрана според кој јаде само макробиотички намирници.