Во палентата може да се додадат разни состојки заради збогатување на вкусот. Еве една идеја како да ја направите палентата побогата и повкусна.
Состојки:500г. шампињони, 1 главица кромид, 1 морков,1 лажица брашно, 100 мл. слатка павлака, 2-3 чешниња лук, магдонос, 2 лажици вински оцет, зејтин, сол, бибер
За палента:200 г. палента, 1 лажица путер, сол
Подготовка:Ситно исецканиот кромид динстајте го на зејтин малку да омекне. Додадете рендан морков, испржете неколку минути, па додадете ги шампињоните. Динстајте на тивок оган околу 10 минути, додадете вода и динстајте уште околу 10 минути. Зачинете, додадете го лукот, оцетот и брашното сматено во малку вода. Додавајте ја слатката павлака и гответе уште неколку минути. Во половина литар солена вода ставете ја палентата и гответе неколку минути. Потоа додадете го путерот и послужете прелиено со гулашот од шампињони.
Добар апетит!