Денеска во Апелациониот суд се одвива јавна седница на која треба да се одлучи за жалбата за притвор на Груевски и Ѓоко Поповски во предметот на СЈО наречен „Тенк“.
Како што најави на вчерашниот прес во Собранието, Груевски не се појави на рочиштето, ниту пак дојдоа неговите адвокати. Експремиерот има поднесено пет жалби за овој предмет, а Поповски една.
Одбраната претходно побара изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но тоа беше одбиено бидејќи не може да се изземе јавен обвинител.
Според содржината на жалбите, Груевски е сигурен дека неговото дело застарело уште во февруари.