Нејзиното височество, Винoвата лоза, се појавила на земјата пред човекот. Тоа го потврдуваат фосилните остатоци кои се пронајдени од времето на палеозоикот. Човекот одамна почнал да ги користи нејзините ситни, но вкусни плодови. Така, грозјето денес е едно од најпочитуваните овошки. Од најстарите времиња е позната неговата лековитост и делотворност врз човековото здравје.
Овој дар од природата, човештвото го користи во исхраната веќе неколку илјади години.Но не е само виното прозвод добиен од грозје, туку и познатиот Гроздов Мед. Тој преставува концентриран сок од шира на која е извршена делумна дехидратација. Се добива од вискоквалитетни сорти на винова лоза, по рецептура позната уште на нашите предци.
Гроздовиот мед е природен енергетски напиток. Тој содржи природни шеќери, гликоза и фруктоза, кои веднаш се апсорбираат во крвта, преку која се транспортираат насекаде во телото. На тој начин се обезбедува неопходната енергија за работа на мускулите, особено за правилно функционирање на срцевиот мускул.
Исто така Гроздовиот мед претставува одлична замена за сахарозата (белиот шеќер) и треба да се користи како природен засладувач на напитоци, чај, млеко, или како прелив за десерти.
Гроздовиот мед е природен антиоксиданс, богат со танински материи, фвавоноиди, органски киселини, хидросолубилни витамини и минерали. Се препорачува за подобрување на општата здравствена состојба како и за подобра концентрација. Делува на зајакнување на имунитетот кај децата, возрасни и спортисти како и кај лица со зголемен психовизички напор. Помага при настинки и инфекции на респираторниот тракт. Најдобро е да се употребува превентивно, со цел да се избегнат непријатните настинки. Овој напиток помага при лекување на хепатитис, цироза и депресија.