Близнаците Вивиен и Нокс Џоли Пит штотуку го прославија својот седми роденден, а нивната мајка Анџелина уште од мали нозе ги води кон спознавање на вистинските вредности.
Таа по тој повод им подари книги.
Папараците ја фотографираа холивудската актерка Анџелина Џоли, додека со децата излегува од една книжара во Лос Анџелес.
Близнаците пред десетина дена наполнија седум години, а родителите им организираа родендеска забава во едно лизгалиште.
„ Изнајмија автобус и целото семејство замина на лизгање, а Вивиен и Нокс дури носеа капи и ракавици. Беа многу возбудени поради лизгањето и се задржаа на ледот околу два часа“, вели извор за “Us Weekly”.
Други извори тврдат дека книгите се задоцнет роденденски подарок за нејзините најблиски.