Грицки со сусам

 Време на подготовка околу 30 минути Потребни состојки:

250 грама брашно

50 грама мелени печени несолени кикирики

150 грама маргарин

2 лажици масло за јадење

1 жолчка

4 лажици млеко 1

лажица сол

Половина кесичка прашок за печење

За премачкување

1 белка

150 грама сусам

Подготовка:

• Во брашното се додаваат мелените кикирики, солта и прашокот за печење и состојките се мешаат. Во смесата се додава млекото, жолчката, маслото и омекнатиот маргарин со раце се замесува тесто. Се меси додека смесата се соедини.

• Тестото нема потреба да се лади туку веднаш од него се прават долги ролни со пресек од 1 см, а потоа ролните се сечат на ситни парчиња од по еден см и исечените парчиња се редат во овална чинија.

• Белката се мати со виљушка, се прелива преку исечканото тесто и полека со раце се распоредува рака да сите парчиња бидат подеднакво прелиени. Преку намачканото тесто се посипува сусамот и со рака се валкаат сите парчињата подеднакво во сусамот

• Се распоредуваат парчињата на плех обложен со хартија за печење и се ставаат да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени

• Се пече 12-15 минути додека грицките малку да заруменат

• Пријатно уживање

- Реклама -