Oва јадење е за четири лица и ќе ви одземе само 30 минути.
Состојки
500 гр макарони( 1 кесе)
за бешамел сос
2 лажици брашно
50 гр путер
350 мл млеко
350 мл јогурт
1/2 лажиче морско оревче
1/2 лажиче зачин
малку бибер
сирења 4 видови
4-5 зденки
200 гр урда
200 гр рендан кашкавал
200 гр бело сирење
Се варат макароните, се процедуваат и се истураат во намрсена тава.
На страна во тенџере се става путерот да се растопи, се додава брашното малку да се пропржи.
На тоа се додаваат јогуртот, млекото и зачините и се меша до згуснување, но не смее да има грутчиња. Не смее да проврие.
Сосот малку се лади и во млакиот сос се додавааат 4 вида сирење. Убаво се промешува и смесата се истура врз макароните.
се промешува и се печат 30 минути на 200 степени да заруменат.
Се служат со јогурт.
Доручек кои моите го обожаваат, пробајте можеби ќе ви се допадне.
Користете сирења кои ги обожавате и обавезно во бешамелот ставете јогурт
сосот е многу полесен и со пријатен вкус.