Можете ли да замислите градина со над 45 милиони цвеќиња? Оваа прекрасна цветна градина е најголемата во светот и се наоѓа во Дубаи. Miracle Garden опфаќа 72000 квадратни метри, полни со оригинални и шарени дизајни со цвеќиња: пирамиди, срца, ѕвезди, вистински автомобили украсени со убави растенија, геометриски форми, кревети во различни нијанси на розово, пауни, кои наместо пердуви имаат цвеќиња и многу други. Вистински рај во едно од најпознатите неверојатни места на земјата: пустината. Тоа што е изградена, токму на пуст терен, е најголемото изненадување. За да се обезбедат потребните услови за растенијата – да издржат екстремни температури, ветрови и сува средина, е воспоставен систем за преработка на отпадни води, кои служат за наводнување. Овој предизвик против законите на природата е можен само во Дубаи. Идејата е градината Miracle Garden да се менува секоја сезона со различни бои и архитектура на цвеќињата. Целта е туристите да се враќаат секоја година и да уживаат на различно доживување. Во најжешките месеци во Дубаи од јуни до септември, кога термометрите покажуваат над четириесет степени целзиусови, градината e затворена и ги отвора вратите повторно во октомври.