Gossip Girl се враќа на екраните…но на мексикански начин

Обожавателите на серијата Gossip Girl сигурно ќе ги интересира веста дека серијата повторно се враќа на екраните на почетокот на ова лето, но овој пат во ново руво.

Како што пишуваат мексиканските медиуми, актерите кои ќе ги глумат популарните ликови на Серена, Блер, Чак, Нејт и Ден веќе се избрани, а дејството ќе се одвива во Акапулко. Не се знае дали новите ликови ќе поминуваат низ истите авантури како и нивните американски колеги или едноставно ќе ја продолжат приказната, но сценаристите тврдат дека добрата забава е загарантирана.

Можете ли на фотографијата да препознаете кој кого ќе глуми?

GossipGirlAcapulco1

- Реклама -