Пред некое време Амазон најавија дека преговараат за снимање серија по Толкиновиот „Господар на прстените“, а сега е поизвесно дека тоа ќе се случи.
Во официјално соопштение тие објавиле дека ги добиле правата по книгата да снимат ТВ-серија од неколку сезони. Сепак, не се работи за преработка на филмовите, туку најверојатно за дејства пред она што веќе го знаеме.
Продуцентите од Амазон на фановите на „Господар на прстените“ им ветуваат дека ќе им приредат ново епско патување низ „меѓуземјето“ (Мiddle Earth), па и многу повеќе од тоа.