Гослинг носи маица на која Калкин носи маица на која Гослинг носи маица со Калкин

Пред околу една година американскиот актер Рајан Гослинг облече маица со фотографија од колегата Меколи Калкин, кога тој бил дете.

Вчера Калкин објавил своја фотографија со маица на која има слика од Рајан Гослинг облечен во таа маица.
Па, Гослинг направил маица на која Калкин ја носи маицата со неговиот лик, кој повторно е облечен во маица со фотографија од Калкин.

Сето тоа неодоливо потсетува на филмот „Inception”…

- Реклама -