Големиот брат на Џорџ Орвел

Орвеловата дистопија “1984” е напишана кон средината на дваесеттиот век. Предвидувањата за ужасите на тоталитарниот режим во книгата денес се сметаат за морничаво предвидување за она што се случува, но и она што допрва следува.

Романот е објавен во 1949 година и го опишува животот на Винстон Смит, во хипотетичката иднина – во 1984 година, во ера кога за општествено уредување е воспоставен мрачен тоталитаризам. Дејството се одвива во денешна Англија (во книгата дел од Океанија) за време на диктатурата на „партијата“ на „Големиот брат“.

До ден денес се употребуваат некои изрази од книгата. Она честото „Големиот брат те гледа“ е само еден од индикаторите за тоа колку е познат и значаен романот.

big-brother-eye

Да се потсетиме на предвидувањата на Орвел.

Сите животни се еднакви, но некои се поеднакви од другите.

Оној кој раководи со минатото, тој управува со иднината; оној кој раководи со сегашноста, тој управува со минатото.

Ако ги почитувате малите правила, можете да ги прекршувате големите.

Власта не е средство, власта е цел. Диктатурата се утврдува не за да ја контролира револуцијата; револуциите се прават за да се утврди диктатура. Целта на репресијата е репресија. Целта на тортурата – тортура. Целта на власта е власт.

Не е важно какви ставови имаат масите и какви не. На нив може да им се обезбеди интелектуална слобода, бидејќи немаат интелигенција.

l

Најдобрите книги го кажуваат она што веќе самиот го знаеш.

Многу луѓе се чувствуваат опуштено во туѓа земја само затоа што го презираат локалното население.

Секој писател кој застанува под партиски знамиња, порано или подоцна се соочува со изборот или да се потчини или да замолкне.

Има моменти во кои “погрешните” убедувања се поискрени од правилните.

Во нашето општество оние кои се најдобро информирани за случувањата, се најмалку способни да го видат светот онаков каков што е.

G.O.84

Во времиња на народни лаги, да се зборува вистината е екстремизам.

Ако сите ја прифаќаат лагата наметната од партијата, ако во сите документи се пее истата песна, тогаш лагата се вгнездила во историјата и се претвора во вистина.

Ништо не е твое, освен неколку кубни сантиметри во черепот.

Хиерархиското општество може да постои само врз основа на сиромаштијата и незнаењето.

За да видите што ви се случува под носот, треба да се борите очајно.

Патриотизмот по својата природа не е агресивен ниту во воена ниту во културна смисла. Национализмот сепак е невидлив дел од стремежот кон власта.

- Реклама -