Постои група на луѓе – категорични максималисти кои веруваат дека вистинскиот уметник никогаш не заработува пари создавајќи постери, менија или логоа за целите на бизнисот.
Нашата цел не е да ги разубедиме, туку само да ја преставиме онаа страна од историјата која не може да се избрише, а тоа е дека најголемите сликари заработувале и како дизајнери на логоа и постери за комерцијални цели.
Погледнете неколку големи имиња кои во својата културна кариера, го искористиле својот талент и оставиле траги во областа на маркетингот и рекламирањето.
Салвадор Дали
Повеќето знаеме кој бил Салвадор Дали. Но, дали знаете каква врска имал тој со лижавчињата?
Салвадор Фелипе Хасинто Дали (11 мај 1904 – 23 јануари 1989) бил католички шпански надреален сликар, писател, вајар, сценограф и актер. Тој е еден од најзначајните уметници на 20. век, а често го нарекуваат и големиот мајстор на надреализмот.
Неговите уметнички дела покажале дека е е тој еден од најкреативните сликари на своето време. А лижавчињата? Сајвадор Дали го дизајнирал логото за Chuppa Chupps 1958 година.
Инаку, честа тематика на Дали се жените, просторот, времето, пијанството и религијата.
Казимир Малевич
Уметникот останал во историјата и како автор на филмски плакати и дизајн на разни презентации.
Тој придонел со концептуални плакати и за филмот на Фриц Ланг, “Д-р Мабусе – еден играч.”
Хуан Миро
Запознани сте со логото Шпанија? Во принцип, тоа излезе од исклучително талентираниот надреалистички сликар Хуан Миро во 1983 година. Логото на Министерството за туризам на Шпанија го нарача за подобрување на имиџот на земјата.
Анри де Тулуз-Лотрек
Анри де Тулуз – Лотрек (Париз, 24 ноември 1864 – Париз, 9 септември 1901) — француски сликар, голем мајстор на литографијата чии омилени мотиви беа личности и настани од ноќниот живот во Париз. Анри де Тулуз – Лотрек се има ограничено, речиси исклучително, на сцени од ноќниот живот на Монмартр во Париз.
Но, наспроти тоа негово дело е и „Divian Japonais“ – промотивен постер за кабаре од 1892 година. Во преден план нуметникот ја става танчерката Џејн Аврил.
Алфонс Муча
Алфонс Муча го покрена жанрот – промотивни постери на ниво на висока уметност. Она што го направил уметникот не мора да се рекламира после него: Шампањот Руинарт, хартијата за цигари – Job, Нестле, велосипедите Perfecta. Во извесна смисла, тој е “виновен” за фактот што денес, дизајнерите се стремат кон ремек-дела во маркетинг индустријата. Алфонс Муча докажа колку е моќна сликата на една убава жена во рекламирањето – најпозната од неговите модели беше Сара Бернард.
Пабло Пикасо
Оние кои ја посетиле Барселона, сигурно биле во легендарното кафуле El Quatre Gats, лоцирано во лавиринтот на тесните улички. Пикасо е создавач на постерот, каде биле водени жестоки дискусии меѓу уметници. Тука разговарале и пиеле бројни култни сликари, музичари и писатели на дваесеттиот век.
Пјер Бонард
Легендарниот уметник создал постер за „француски шампањ“ во 1981 година, отворајќи го патот за високата уметност во светот на рекламите. Пјер е француски сликар, кој припаѓал на правецот – постимпресионизам.