Сè што прави Арнoлд Шварценегер, го прави на големо.
Така и со велосипедот кој е специјално дизајниран за него.
Познатиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија, ја искористи паузата од снимањето на новото продолжение на „Терминатор“ за да се релаксира со својот тазе-нов велосипед со необични димензии. Во друштво на својата девојка возеле по улиците на Њу Орлеанс.
Акциониот херој има 66 години, а неговата нова љубов Хедер Милиган (39) е една од главните причини поради која сака да остане во добра форма.
Тие двајца се во врска од 2013 година по разводот од Марија Шивер.