Само од почетокот на ноември, во првите шест дена, на грчките острови пристигнале најмалку 760 мигранти и бегалци.
Според статистичките податоци, приливот на мигранти кои во Европа доаѓаат преку грчките острови не е намален во однос на летните месеци, односно од август па досега е во благ пораст.
Островите во моментов имаат прифатено над 15.000 мигранти, од кои најголемиот дел се сместени на Лезбос.