Една од најпознатите славни бебиња го прослави својот прв роденден.
Малата Норт Вест вчера го прослави својот прв роденден. Ќерката на Ким Кардашиан и раперот Канје Вест имала роденденска забава, а нејзините познати родители се погрижиле да има сè што ќе посака. Се разбира, за оваа прилика ѝ ги ставиле првите обетки- дијамантски.
Ким на својот Инстаграм профил објавила фотографија од својот сопруг и малата Норт дремејќи по целодневната игра.
„Ова е живот! Нашето девојче наполни една година. Толку многу игравме денес што се онесвестија додека гледавме натпревар. Среќен Ден на таткото за најдобриот татко на светот! Начинот на кој ја сакаш нашата ќерка и ја штитиш ме исполнува со љубов!“, напишала реалити ѕвездата.
За оваа прилика, се потсетуваме на неколку моменти од животот на малата Норт. Ким и Канје во август минатата година ја објавија првата фотографија од својата ќерка, кога таа имаше околу два месеца, каде познатиот рапер откри дека се надева дека кога неговата ќерка ќе порасне ќе личи на својата позната мајка.
Кога Ким објави фотографија од 6-месечната Норт, обожавателите ја нападнале дека ѝ ги оформила веѓите со кубење, но Ким ги негираше тие обвинување, велејќи дека Норт има природно убави веѓи.