Американката Габи Геко (26) го привлече вниманието на таблоидите прво како модел на долна облека, потоа како дизајнер и ди џеј, но на крај за нејзиното присуство во медиумите беше нејзината врска со Џефри Еделстин, 46 години постар австралиски бизнисмен.
Иако Габи и многу постариот бизнисмен на почетокот на јуни имаа кратка и брза свадбена церемонија, познатата старлета одлучи на своите следбеници на социјалните мрежи да им ја покаже својата венчаница од соништата.
Таа на објавените слики се гледа како позира во оскудна венчаница, на која „стратешките“ места се покриени само со Сваровски кристали.