Иако сме навикнати да ја гледаме во секси костуми кои повеќе откриваат одошто покриваат, овој пат Џенифер Лопез изгледа како вистинска дама.
Познатата актерка Џенифер Лопез „пука“ со сексапил на сцената, но овој пат сето тоа го отфрли и се претвори во вистинска дама. А мала дама ја направи и својата ќерка, во слична розева комбинација како својата.
Многумина би се согласиле дека Џеј Ло конечно облекла нешто што одговара на нејзината 44-годишна возраст, но без оглед што и да облече на неа убаво изгледа. Џенифер била специјален гостин на Првата дама на САД, Мишел Обама по повод 85-тата конференција „League of United Latin American Citizens“ (LULAC) посветена на латино-американското население кое живее во САД.
Џеј Ло ослабела 5 килограми по раскинот со двојно помладиот дечко, па нејзината линија уште повеќе дојде до израз во тесниот дамски комплет.
Познатата пејачка е горда на својата улога во подигнувањето на свеста за латино популацијата, а на својот Инстаграм профил објавила и „selfie“ со Првата дама.