Таа скршеното срце го лекува на врелиот песок на Мексико, а поранешниот се обидува да го направи љубоморен со секси слики.
Манекенката Каручи Тран очигледно знае како да го излекува скршеното срце. Откако дозна дека нејзиниот тогашен дечко, популарниот рапер Крис Браун, има 9-месечна ќерка, експресно ја раскина врската.
Иако призна дека не ѝ било лесно, 26-годишната атрактивна манекенка одлучила да продолжи понатаму и да го лечи скршеното срце на одмор со пријателка, пејачката Кристина Милиан, на сончевите плажи на Мексико.
Во шок? Замислена Ријана откога се дозна дека поранешниот-Крис Браун има дете!
Девојките очигледно добро се забавуваат, а гразголените фотографии од плажа редовно ги објавуваат на Инстаграм. Секси фотографиите ги приметил и Крис Браун па на една од нив коментирал: „Продолжи да бидеш дама, убавица… совршена си! Немој од лутина да станеш ку***“.
Но, се чини дека неа овој коментар од поранешниот, кој е инаку познат и по врската со Ријана, не ѝ сметал премногу во објавувањето на жешки фотки од врелиот мексикански песок.