Мехди Уазани кој се прослави со улогата на Сатана во американската мини серија „Библија“, нема повеќе да глуми во серијалот бидејќи премногу личел на Обама.
Продуцентот на серијата Рома Дауни изрази жалење поради тоа што целата полемика „фрлила сенка врз верската порака на серијата“.
„Некој искоментрал дека актерот кој го игра Сатаната личел на нашиот претседател и одеднаш сите медиуми полудеа“ изјави продуцентот.
Целиот случај толку се прошири на социјалните мрежи што каналот Хистори кој ја емитуваше серијата морал да се правда дека има големо почитување кон Претседателот Обама.