Европската вселенска агенција ќе се обиде да го слета вселенскиот апарат Philae на комета. Нешто што никој досега не направил, пишува Science Alert.
Гледајте во живо ТУКА!
Поради огромното растојание помеѓу кометата и Земјата, научниците ќе разберат дали слетувањето е успешно 28 минути по самиот настан. Научниците се надеваат дека Rosetta и Philae ќе им помогнат да најдат одговори на многу важни прашања за кометите во Сончевиот систем.
„Летаме во близина на комета, која практично е машина на времето, содржи информации за составот на Сончевиот систем при формирањето пред околу 4 милијарди години”, објаснува Фред Јансен, шеф на мисијата на Rosetta.
„Навистина ќе можеме да погледнеме назад во времето”, забележува тој. Rosetta и Philae го започнаа вселенското патување во 2004 година и летаа десет години до нивниот состанок со кометата. Ако успее да слета, Philae ќе се прицврсти за површината на замрзнато небесно тело со помош на специјален харпун.
Сондата носи десет алатки наменети за снимање на фотографии, анализа на молекуларниот состав на кометата и спроведување на експерименти.
Rosetta ќе продолжи да кружи околу кометата и кога опашатата ќе ја достигне најблиската точка на елипсата до Сонцето во август 2015 година. Така научниците ќе можат да видат како кометата се затоплува и менува, приближуваќи се до ѕвездата.