Светските медиуми шпекулираат дека познатата актерка Џулија Робертс го крие стомакот и чека четврто дете!
Се шират гласини дека Џулија Робертс е бремена од Дени Модер, откога е видена оваа недела со зголемен стомак.
И покрај тоа што носела широки џемпери, се чинело дека славната актерка е „пополнета“ повеќе него порано. 46-годишната актерка, и мајка на три деца, избрала обична комбинација за посетата на родителите на својот сопруг во Лос Анџелес. Но, медиумите почнаа да нагаѓаат дека под јакната и широкиот џемпер го крие бремениот стомак.
Исто така, со нејзиното појавување на ‘2013 BAFTA LA Jaguar Britannia Awards’ во комотен црн фустан предизвика гласини дека чека дете.
Познатиот пар се венчал во 2002 година, а веќе има 2-годишни близнаци Хазел и Финаус и 6-годишен син Хенри.