Фондацијата на српскиот теснисер Новак Ѓоковиќ организираше хуманитарна гала вечера во Лондон со цел да собере парични средства за загрозените деца ширум светот.
Ноле и неговата девојка Јелена Ристиќ беа домаќини на вечерата на која присуствуваа бројни ѕвезди, од холивудски актери и спортисти до кралски семејства. Меѓу гостите беа војвотката од Јорк Сара Фергусон со ќерките, милионерот Ричард Бренсон, актерите Кејт Хадсон, Голди Хоун и Жерард Батлер, манекенките Наоми Кемпбел, Каролин Винберг…
Минатата година на иста манифестација, Ноле собра 1,4 милиони долари, но ова му е прва гала вечера во Велика Британија.
„Мојата организација е направена да им помогне на загрозените деца во Србија, но и во светот, особено на оние кои немаат можност да го достигнат својот потенцијал“, изјавил тенисрот број еден во светот.
Погледнете во галеријата како се забавуваа гостите