Ги знаете ли вистинските имиња на вашите омилени ѕвезди?

Водејќи се по тоа дека името е предуслов за успех, многу светски ѕвезди одлучија да се одречат од вистинското име, со надеж дека новото ќе им донесе поголема слава.
Многу холивудски ѕвезди од музичката индустрија се одлучија на овој чекор и не жалат поради тоа. Сите се согласуваат дека новото име им донело многу повеќе од она што го стекнале по раѓањето.

Business Insider направи листа од 30 познати личности, кои се одлучиле за промена на името, па дури и презимето.

Еден од нив е актерот Мајкл Китон, овогодишен добитник на Златниот глобус за улогата во филмот Birdman. Откако му беше врачена наградата Китон напомена како неговото вистинско име е Мајкл Даглас. Името го променил на почетокот на кариерата за да избегне непрепознатливост, затоа што Мајкл Даглас било веќе зафатено 🙂

Majkl Kiton/Foto: Getty

Kети Пери своето име го променила дури два пати. Како девојче се викала Кетрин Хадсон. Својот прв албум госпел, го издала под името Кети Хадсон, а подоцна започнала да гради светска кариера откако се решила сосема да ја избегне актерката Кејт Хадсон.

Актерката Риз Витерспун своето име Лара Џејн го променила во моминското презиме на нејзината мајка Риз.

Вистинското име на пејачот Бруно Марс е Петер Гене Хернандез.  Тој е Марс бидејќи многу девојки му говореле дека не е од оваа планета.

Младата пејачка Мајли Сајрус се викала Дестини Хоуп Сајрус. Додека била девојче, татко и ја викал „Смајли“ за да ја истакне нејзината ведра нарав. Со годините Смајли е скратен во Мајли.  Пред 7 години Сајрус официјално го промени името во Мајли.

Шармантниот Вин Дизел своето име Марк Синклер Винсент го променил додека работел како обезбедување во клубовите во Њујорк. Вин е кратенка од неговото презиме Винсент, а Дизел од пријателите по дизел горивото.

Ники Минаж никогаш не прежалила што поради музичката кариера се откажала од своето вистинско име Оника Тања Марај.

„ Некој едноставно ми го промени името. Кога го потпишував својот прв договор, веднаш ми наметнаа име Минаж. Се борев против тоа име со заби и нокти. На крајот ме наговорија“м, вели пејачката.

 

- Реклама -