Таа дефинитивно е една од најсексипилните пејачки од домашната естрада.
Маја Вукичевиќ беше многу популарна во екот на поп музиката во земјава, предц речиси две децении, односно крајот на 90-тите и почетокот на 2000-те години.
Таа со право беше нарекувана секс симбол, откако се појави со русата коса, остриот поглед, симпатичниот глас, но и провокативниот спот со кој што ја стекна најголемата популарност, познат како „Спотот со црнецот“, што во тоа време беше нешто досега невидно.
Ве потсетуваме на уште еден евергрин од Македонската музика.
И можеби, најголемиот.
Таа пред неколку години се врати на естрадата, па оттогаш ја гледаме на Макфест и навистина, Маја не старее…