За кратко време новиот спот на групата “Maroon 5” надмина милион прегледи, што не е изненадувачки, со оглед на тоа што во него миленикот на жените, Адам Левин е сосема гол.
Во спотот за песната “This Summer’s Gonna Hurt Like a Motherfucker”, популарниот пејач, кој магазинот “People” го прогласи за најсекси маж во светот, изненади, но и израдува многу обожавателки и обожаватели, покажувајќи го својот гол задник.
Фронтменот на групата “Maroon 5” (36), на почетокот на видеото излегува од тоалетот, а интимните делови ги прекрива со пешкир. Но, веќе во следниот кадар неговата позадина доаѓа во прв план.
Потсетуваме, на Адам ова не му е прв пат да ги покаже своите атрибути. Лани, тој со сопругата, манекенката Бехати Принсли (26) сними секс сцена за песната “Animals”.