Славната актерка Шарлиз Терон се појави во друштво на својот дечко Шон Пен на премиерата на својот најнов филм „A Million Ways to Die in the West“.
38 годишната актерка и нејзиниот избраник заљубено позирале пред фотографите, а цело време не ги тргнале рацете еден од друг. Пен не можел да сокрие колку е горд на својата најдрага, а тоа најдобро го покажуваат и неговите погледи упатени кон Шарлиз.
Освен Пен, славната актерка позирала и со својот колега од филмот Сет МекФарлен, за кој што има само најубави зборови.
„ Тој дефинитивно е оној тип на човек кој што ме фасцинира. Голем дар е можноста да запознаете некој кој никогаш не разочарува. КОга ќе имам 80 години и ќе бидам на смртна постела ќе седам со пријателите и ќе се потсетувам со Сет за овој филм“, вели таа.