Поранешната сопруга на актерот Чарли Шин, Дениз Ричардс, заедно со ќерките Сем (10), Лола (8) и Елиос (2) морала да се исели од куќата на Шин бидејќи тој ја продал на свој пријател.
Куќата која Шин ја купи за Дениз и ќерките има шест спални соби и девет купатила.
„Чарли сакаше Дениз да ја напушти куќата, а на тоа го наговори неговата свршеничка и порно ѕвезда Бет Роси“, откриле адвокатите на актерот.
Расправијата меѓу двајцата актери изби откако Ричардс не му допушти на актерот да ги помине празниците со децата, па тој за возврат престана да плаќа алиментација.