Од 14 часот наваму жителите на Гевгелија се без струја. Од ЕВН соопштиле дека се работи за сериозен дефект на трафостаница.
Поголемиот дел од Гевгелија од 14 часот е без струја поради сериозен дефект во постројката на 110-киловолтната трафостаница и дека се работи на санирање на дефектот.
Граѓаните веќе се жалат дека како поминува времето, резервите на замрзната храна се одмрзнуваат и можно е да останат без залихите, што причинува голема материјална штета за нив.