Генијален тапанарски перформанс изведен со помош на роботска рака

Уште од тинејџерските години Џејсон Барнс мечтаел да стане познат тапанар. Меѓутоа, откако пред две години доживеал несреќа, тој останал без подлактицата на десната рака, што за повеќето би значело откажување од долгогодишниот сон.

Но, тоа не било случај и со младиот Џејсон, кој направил протеза од жица и ја прицврстил за надлактицата. Иако не можел да свири ниту приближно добро како порано, сепак, некако успеал да се запише на Институтот за музика и медиа во Атланта.

Еден од професорите на Институтот го запознал со Гил Вајнберг од Технолошкиот институт во Џорџија, кој помогнал при изработката на сложена роботска рака за Барнс.

Минатата седмица Барнс за прв пат пробал да свири со неа, и како што може да се забележи и на самото видео, звучи одлично. Всушност, тој изјавил дека протезата му овозможува да свири дури и подобро отколку претходно.

- Реклама -