Фустаните по кои полудеа сите жени

Откако создаде модна еуфорија  со фустан за 17 фунти , кој го  носеше за време на бременоста, Војвотката од Кембриџ Кејт  ја крена до небо продажбата на новата модна креација. Taa , подоцна  одбра друг  фустан за  првата семејна фотосесија со кралското бебе Џорџ. Сликата беше направена од страна на нејзиниот татко Мајкл Мидлтон во зградата на семејството.

keit_roklia

Фустанот е на Seraphine и чини 79 фунти. По појавата на сликите продажбата на модната марка скокна над 100 проценти. Веќе постојат листи на чекање за облеката, иако  од компанијата предупредуваат дека  истиот може да се набави  по 16 септември.

Ова не е прв  Seraphine фустан во кој се појави Кејт по породувањето. При патувањето од палатата Кенсингтон кон домот на нејзините  родители таа  одбра флорален дезен на фустан на брендот. За неговата испорака веќе   се чека четири недели, а истиот чини 85 фунти.

keit_roklia4

Најевтиниот фустани на војвотката Кејт кој стана хит  е на  Seraphine и се наоѓа во продавници во Лондон, а благодарение на порачки по интернет се задоволуваат потребите во повеќе од 20 земји.   Клиенти на модната марка се ѕвездите: Анџелина Џоли, Џесика Алба, Џенифер Гарнер и Кејт Хадсон. Само  со својата појавата, пак младиот принц Џорџ успеа да  го сруши сајтот на американска компанија. Тоа се случи, откако беа распространети фотографиите од неговото раѓање. На нив, тој е повиен со пелени од брендот aden + anais. За девет дена компанијата има добиено 7 000 нарачки, што претставува раст од 600 проценти  во продажбата на овој специфичен елемент. Вработените се уште се обидуваат да ги покријат сите порачки  за пелените, кои се дел од сет од четири, кој го носи името Jungle Jam и се продава по цена од 44.95 фунти.

kralsko_bebe2

- Реклама -