Додека војвотката од Кембриџ носеше еден од нејзините фустани за официјалниот настан во Лондон, Џени Пакхам беше зафатена со излагање на своите најнови модели илјадници милји далеку во Њујорк.
Британската модна дизајнерка- омилената на Кејт Мидлтон- ги обелодени блескавата селекција на фустани во нијанси на кралска црвена и златна на Модната недела во Њујорк, вчера попладне, голем број од нив украсени со стотици светкави Сваровски кристали.
Пакхам изјавила дека нејзината есен/зима колекција била инспирирана од Бианка Џегер, која „ја отелотвори леснотијата и луксузот на елеганцијата“ во Менхетен за време на 1970-тите години.