Фукушима (福島) е град во Јапонија во префектурата Фукушима.
Фукушима првобитно била наречена “Shinobu-no-Sato и се работело за село. Во 12 век, Сугиноме Таро изградил дворец и селото започнало да се развива како град околу дворецот Фукушима.
Подоцна Фукушима започнала да се развива од производство на свила, а нејзиното име станало доста познато насекаде. Статусот град го добива во 2007 година.
На 11. март 2011 година, градот ги почувствува последиците од потресот во Тихиот океан, Фукушима остана без водоснабдување и воз.
63 километри северозападно од градот се случи несреќата во нуклеарната електрана Фукушима, поради што градот беше изложен на радијација.
Денес многу дел од жителите се иселени, па според фотографииве што кружат на интернет, Фукушима станува град на духови.