Фудбалска мистерија: Зошто Меси повраќа на теренот?

Конечно е откриено што ја мачи ѕвездата на Барселона, Аргентинецот Лионел Меси.Имено, последните детални анализи и испитувањата на стручните лица открија зошто фудбалерот често повраќа на теренот.

Меси неколку пати ја исплаши јавноста, а многумина веруваа дека причина за тоа се заморот и напорите. Имаше приказни и дека сето ова му се случува на нервна база.

Меѓутоа, Аргентинецот има хроничен проблем со синусите – риносинузитис. Него постојано му се собира секрет во носот, но телото го исфрла.

Луѓето обично плукаат секрет или го дуваат носот, меѓутоа, во плуќата истовремено се собира шлајм. Тој се исфрла преку физичка активност, што често создава реакција во организмот.

Тоа е случај и со Меси, што значи дека неговото повраќање не е опасно, туку станува збор за природна реакција на организмот.

Интересен податок е дека ова не му се случува на тренинзи, туку само во текот на најнапорните мечеви.

- Реклама -