Момчето на Кортни Кардашијан приреди роденденска забава во хотелот „Hyde Bellagio“ која се разбира не помина незабележано.
„Црната овца“ во семејството Кардашијан, момчето на Кортни и татко на нејзините две деца, Скот Дисик го прослави 30. роденден во Лас Вегас.
Елегантен од глава до пети, Скот беше облечен во црн костум, додека 34-годишната Кортни заблеска во црно здолниште и чипкаста блуза.
Но, тоа што беше поинтересно од прославата е фотографијата што Ким Кардашијан ја објави на Инстаграм за да му го честита роденденот на Скот.
„О, Господе! За малку ќе умрев кога ја видов. Се вративме во 2006! Оваа фотка е за тебе Скот“, напишала Ким под фотографијата на која Скот позира со неа, Клое и Кортни.
Во 2006 година Кортни и Скот ја започнаа врската, а денес имаат две деца – четиригодишниот Мејсон и едногодишната Пенелопе Скотланд.