Вереницата на познатиот актер не била ни свесна во какви проблеми го ставила својот драг.
Познатиот актер Џорџ Клуни неодамна во Италија се вери со својата девојка Амал Аламудин, а британските папараци ја сликале Амал за време на слетувањето во Лондон.
Амал на аеродромот го покажа својот веренички прстен вреден 415,000 фунти, а токму тој прстен му зададе на актерот проблеми, пишува Daily Mail. Всушност, папараците не го сликале само прстенот, туку и Амал како поминува низ влезот за патници кои немаат што да пријават на царина. Проблемот е тоа што прстенот е вреден речиси половина милион фунти а Амал требало да го пријави, но тоа таа не го направила.
Клуни ќе мора да плати царински давачки и ДДВ, а вкупните трошоци се околу 100 илјади фунти.