Пред да стане познат режисер на филмови како „Одисеја 2001“, „Пеколен портокал“, “Сјаење”… Стенли Кјубрик работел како фотограф во списанието Look, и тоа, на 17 годишна возраст.
Откако ги импресионирал уредниците, Стенли станал најмладиот член на фотографскиот тим и брзо го развил чувството за одлични кадри, како и вештината да раскажува приказни во слики.
Помеѓу 1945 и 1950 година тој прави повеќе слики од секој друг фотограф на Look. Од нив, особено интересна е серијата Life and Love on the New York City Subway, снимена во период од две недели во 1946 година.
Сликите се пријатни, природни и всушност доста тешки, бидејќи Кјубрик не можел да снима во движење поради вибрациите во кабината , како и затоа што секогаш ќе се најде некој да помине пред објективот во моментот, во кој тој го притисокот копчето стоејќи во некој агол од метрото.