Овие прекрасни фотографии од новороденчиња беа сликани благодарение на фотограферката која користејќи звук од фен за да ги успие бебињата, за да може да ги фотографира додека сонуваат.
Карен Вилтшир,46, која ги смирува своите субјекти со тоа што се осигурува дека малите доенчиња се добро нахранети пред да почне да ги ниша и нежно да ги гали нивните очни капаци.
Таа исто така, користејќи преку апликација на телефонот кој имитира звук од фен, се покажало како корисно затоа што доенчињата се навикнати на тој звук додека мајката ја суши својата коса.
Откако ќе заспијат, што може да потрае од неколку минути до половина час, г-ѓа Вилтшир ги поставува бебињата за сликање во удобни пози, во рацете на своите родители или завиткани во кебенца. Мајката на двете деца од Пул, Дорсет, сега има освоено награда за Studio Children Photography од Guild of Photographers (GoP) за нејзината работа.
Ова значи дека има постигнато статус на ‘Master Craftsman’, награда дадена само на 10 проценти од членовите на GoP.
„Главната причина што посегнав по камерата беше раѓањето на мојот син пред 10 години, и едноставно ги обожавам изразите и емоциите на децата“, изјавила г-ѓа Вилтшир.