Иако љубовта не е математика, а чувствата тешко можат да се опишат преку бројки, научници од институтот кои се занимаваат со човечките односи успеале да ја направат вистинската математичка формула која треба да открие колку вашата врска е цврста и колку ќе(или нема) потрае.
Ако сакате да дознаете дали вашата љубов е онаа вистинската, земете лист хартија и пенкало во раце, потсетете се на основните математички правила за пресметување на математички равенки и почнете со пресметување.
Формула за љубов:
L= 8 + 5Y – 2P + 9Hm +3Mf + J – 3G – 5(Sm – Sf)2 + I + 1,5C
Променливи:
L = Резултат, односно предвидено траење на вашата врска изразена во години
Y = Бројот на години на познавање на партнерите пред да ја започнат љубовната врска
P = Бројот на претходни партнери на двајцата парнтери (вкупно/заедно)
Hm = Колку на мажот му е важна искреноста во врската
Mf = Колку на жените им се важни финансиите во врската
J = Збирот за тоа колку хуморот е важен во врската за двата партнери
G = Збирот на тоа колку им е важен изгледот на двата партнери
Sm = Колку на мажите им е важен сексот во врската
SF = Колку на жените им е важен сексот во врската
I = Збирот за тоа колку на партнерите им е важен добриот однос со родителите (свекрва, свекор, тешт, тешта)
C = Збирот за тоа колку на партнерите им се важни децата (постоечки и идни)
Забелешка:
– Секоја променлива (освен оние од бројот на парнтери и времетраењето на врската) се вреднуваат од 1 до 5 (1 е воопшто, а 5 е многу важно).