Флексибилни скулптури од хартија

Ли Хонгбо е кинески уметник кој во моментов живее и работи во Пекинг. Роден во 1974 година, Ли одсекогаш бил фасциниран од хартијата и нејзините најразлични облици и својства.

„Никогаш не можете да предвидите што ќе излезе на крајот“, раскажува Ли за хартијата.

На неговата последна изложба, тој прикажа десетина скулптури, прецизно направени од илјадници листови хартија меѓусебно залепени, со што беа претворени во флексибилни и растегливи необични скулптури.

- Реклама -