Постојат многу фактори кои го успоруваат намалувањето на телесната тежина, правејќи го процесот покомплициран од колку што навистина е . Телото произведува различни хормони како одговор на различен вид на храна и/или пијалоци. Намалувањето на телесна тежина не е само околу конзумирањето на калории, туку внесувањето на правилни калории. Алкохолот е една од најголемите причини кои го нарушуваат намалувањето на килограмите, затоа што прави дизбаланс во калорискиот внес, течностите во телото и хормоните кои се потребни за намалувањето на килограмите.
- АЛКОХОЛОТ ГО ЗГОЛЕМУВА НИВОТО НА КОРТИЗОЛ, ХОРМОН КОЈ СОЗДАВА МАСНИ НАСЛАГИ
Конзумирањето алкохол многу често, или привремено го зголемува лачењето на кортизол – хормон кој ги разградува мускулите и создава масни наслаги. Губењето на мускулно ткиво значи и успорување на метаболизмот, правејќи полесно да се додадат килограми. Алкохолот кај мажите влијае на тој начин што го намалува нивото на тестостерон, хормон кој гради мускулна маса и намалува телесни масти.
Алкохолот исто така го блокира телото од горење на масти. Истражување кое е објавено во American Journal of Clinical Nutrition вели дека процесот на намалување на мастите може да биде намален за 73% по внесувањето на 2 пијалоци кои содржат вотка во период од еден час. Алкохолот го спречува телото да црпи од резервите за масти како енергија. Телото треба да биде добро хидратирано за да гради мускулна маса и да топи масти. Алкохолот има својство да ги изфрла течностите од телото, т.е да доведе до дехидратација.
- КОНЗУМИРАЊЕТО ЧЕСТО АЛКОХОЛ Е ПРОСЛЕДЕНО СО НЕРЕДОВНО ВНЕСУВАЊЕ НА ОБРОЦИ И ВНЕСУВАЊЕ НА “ЗАБРАНЕТА” ХРАНА
Затоа што алкохолот не става во весело расположение, многу е веројатно да посегнете по чипс, грицки и други нездрави видови на храна кои се застапени по забави.
Алкохолот е моќен апетисан. Апетисаните се нудат во рестораните за да го стимулираат апетитот. Истражувањата покажуваат јасна корелација помеѓу количината на алкохол внесена пред оброк и храната внесена, кое укажува дека луѓето кои пијат пиво или вино пред/додека јадат, внесуваат поголема количина на храна. Алкохолот го стимулира лачењето на допамин, хормон на задоволство и завист, резултатот е најчесто зависна желба за внесување повеќе алкохол и храна. Ова значи дека е двојна замка за оние што сакаат да намалат килограми – повеќе калории и преку храната, а и преку алкохолот.
- АЛКОХОЛОТ СОДРЖИ ГОЛЕМА КОЛИЧИНА НА КАЛОРИИ
Алкохолот содржи голема количина на калории. Лесно е да испиете чаша од 200 ml вино, кое според калориите е исто како да изедете 5 лажички путер. Многу мал број на луѓе сопираат со една чаша на алкохол,а згора на тоа ги мешаат со овошни сокови кои исто така содржат голема количина на шеќер, правејќи ги пијалоците уште покалорични.