FitnessCorner: Вода, вода, вода, зашто е толку важна ?

Конзумирајте повеќе вода!

Знам дека ова е веќе клише реченица која се појавува во секој весник, секоја статија, дневно по 10 пати на тв, секој доктор го препорачува тоа, но многу ретко ги слушаме вистинските причини зашто е тоа потребно, особено за оние кои сакаат да изградат мускулна маса,да намалат телесни масти и да бидат генерално здрави.

Она што ни е помалку познато е дека нашето тело губи од 1,5 до 2 литри вода дневно преку кожата, белите дробови, бубрезите, цревата; невклучувајќи ја физичката активност – која што може двојно или тројно да го зголеми исфрлувањето на вода! Неопходно е да се конзумира најмалку 2-3 литри во денот, само поради нормално функционирање на телото. За жал, најголем дел од нас конзумираат не повеќе од 2-3 чаши вода, што е екстремно малку.

why-is-drinking-water-so-important-for-your-health

Водата е потребна за сите сложени метаболички хемиски процеси во телото кои што телото ги изведува секојдневно – како што се производство на енергија, регенерирање и градење на мускулна маса, топење на телесни масти, исфрлање на токсини итн. Недостиг на вода ќе ги прекине/успори сите овие процеси. Ако чувствувате дека имате ниски нивоа на енергија, голема е шансата дека внесувате премалку вода. Исто така, благата дехидратација доведува до намалена концентрација.

Дури над 65% од нашата телесна композиција е составена од вода! Додека од целата маса на мускулите, 73% е вода! За оние кои тренираат интензивно во теретаната, или независно кој спорт, губат течности во огромна мера преку потењето. Доколку таа вода не се надокнадува, многу е лесно телото да се доведе до дехидратација, што може да доведе до значително намалување на перформансите за време на физичката активност.

11142782_873691869377362_441418117_n

Водата исто така помага за целосна детоксикација на телото (исфрлање на сите штетни материи кои се создаваат при многу процеси), помага за подмачкување на зголобовите и значително го забрзува метаболизмот.

Водата е поважна од колку што мислите и е нешто кое е неопходно за сите оние кои сакаат качат мускулна маса или да топат масти! Конзумирајте барем 4-5 литри вода во денот и на добар пат сте да ја достигнете вашата цел!

- Реклама -