FitnessCorner: Како да се справиме со секојдневниот стрес ?

Дефинитивно број еден непријател на денешницата е СТРЕСОТ.

Како против него ? Кој е најдобриот и најдокажаниот лек за стресот ? ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ!

stress_11

Зборејки од лично искуство, физичката активност секогаш ми бил “издувен вентил”. Секој од нас секојдневно се справува со секаков вид на стресови, работи кои не полнат со негативна енергија. Таа негативна енергија кога се собира и потистнува, станува токсична за себе и околината. Открив дека токму физичката активност помага таа енергија да биде ослободена и преточена во нешто продуктивно – добар тренинг.

Дали некогаш по завршување на тренинг сте добиле чувство на продуктивност, среќа, исполнетост, oслободување од стрес ? Тоа воопшто не е случајно.
Постојат клинички истражувања кои докажуваат дека тренингот со отпор (со тегови) помага за зголемено лачење на ендорфини – неуротрансмитери кои намалуваат болка, влијаат значително за подобрување чувството на задоволство, со други зборови помагаат да се чувствувате одлично (истите овие ендорфини се лачат кога јадете некоја храна која ви е омилена, при доживување на оргазам итн.)

21dayfixworkout
Тренингот со тегови исто така помага за зголемено лачење на ТЕСТОСТЕРОН и ХОРМОНОТ ЗА РАСТ – хормони кои помагаат за зголемување и оддржување на чистата мускулна маса, намалување на телесните масти, подобрување на структурата на коските, зголемено сексуално либидо, успорување на процесот на стареење, подмладување и уште многу многу бенефити…

Па ? Што чекате ? Правец на вежбањеееее!

- Реклама -